Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на ИПА проектот за прекугранична соработка „BeCircular“, има потреба од ангажирање на компанија со експертиза од областа на претприемништво, иновации и ИТ поддршка за реализација на дел од активностите предвидени во проектот.

 

Проект: Интер-регионален ИПА проект за прекугранична соработка „BeCircular“

Датум на објавување на тендерот: 15.07.2022

Краен датум за аплицирање: 15.08.2022

Вид на оглас: Поедноставена тендерска процедура (simplified tender procedure)

 

За Здружението:

Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Една од главните области е токму претприемништвото. Во градењето на претприемачкиот дух кај младите, и граѓаните во целина го гледаме најголемиот потенцијал за развој на македонската економија. Соработката со соседните држави, во проектите за прекугранична соработка придонесува за подобрување на економската состојба на граѓаните на двете страни од границата. Токму затоа проектите кои обезбедуваат размена на знаења и искуства стануваат сериозен дел од портфолиото на ЗМАИ.

 

Позадина за проектот:

 

Проектот BeCircular е базиран на концептите на циркуларна економија и претприемништво со цел истите да придонесат за подобрување на шансите за вработување кај младите. Организациите вклучени во проектот ќе работат заедно на подобрување на претприемничките способности и промоција на концептот за циркуларна економија во пограничните региони. Во рамки на проектот ЗМАИ ќе преземе активности за креирање на одржлив систем за поддршка на претприемништвото во Пелагонискиот регион. Оваа цел ќе се постигне преку креирање на центар за претприемништво во Прилеп. Центарот би овозможувал тренинзи со експерти од областа кои ќе им го пренесат своето знаење на предавачите од областите претприемништво и економија. Тимот на експерти ќе работи и со студентите со цел да им помогне да создадат иновативни решенија и истите да ги тестираат на пазарот. Додека формалната едукација е основа за напредок на младите, неформалната едукација создава успешни професионалци подготвени да се соочат со реалните предизвици на нивното работно место.

Токму затоа оваа програма ќе ги опфати со сите засегнати групи: млади од средното образование преку нивните професори, студенти во последната година од нивните студии и млади претприемачи. Програмата ќе биде базирана на методологии кои веќе се користат при отпочнување на свој бизнис и тестирање на свои идеи – „Lean Startup“ и „Design Sprint“. Поддршка на едукативниот центар и едукативните програми ќе биде и ИТ платформата за електронско учење која ќе ги води корисниците низ важните процеси за создавање на свој, одржлив и иновативен бизнис модел. Од идеја до реализација. Ние веруваме дека на овој начин ќе се подобри квалитетот на нови, старт-ап идеи, нивната одржливост и успешност, а со тоа и ќе се зголеми вработливоста на младите луѓе во пограничните региони од македонската и грчката страна.

 

Во рамки на проектот „BeCircular “ Здружението за истражувања и анализи – ЗМАИ објавува повик преку поедноставена процедура за експертска компанија која ќе обезбеди експерти од областите на претприемништво, дизајн спринт, финансии и интернет технологии за потребите на проектот според она што е специфицирано во тендерската документација (Terms of Reference). За таа цел компаниите ќе имаат можност да испратат понуди и целосна тендерска документација до 15.08.2022 година.

 

Потребни документи за доставување на тендерската апликација и линкови до соодветните урнеци:

Тендерската документација може да биде доставена на македонски или англиски јазик.