ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Март 2022 – Септември 2023
ДОНАТОР: Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme

Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ е дел од проектот „Зголемување на вработеноста преку претприемништво во циркуларната економија – BеCircular“. Донатор на проектот е Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme. Како партнери на проектот се јавуваат DYADEMA и CluBE од Република Грција и ГАУС Институт од Република Северна Македонија.
Главната цел на проектот е создавање на можности за вработување на матуранти и студенти, преку искористување на компаративните предности на прекуграничната област, по можност, со употреба на иновативни алатки и практики. BеCircular се приближува кон концептите на циркуларната економија и био-економија, за создавање можности за работа на младите инженери/научници/уметници/техничари. Преку понатамошна обука и подготвување на истите да функционираат како претприемачи преку искористување на високообразовните вештини и знаења. Активностите од проектот се целосно во согласност со стратегиите на ЕУ, националните и локалните власти за управување со отпадот и промоција на циркуларната економија.
Во рамки на проектот, од страна на ЗМАИ, предвидено е воспоставување на „Центар за претприемништво и креативност“ за подготовка на млади претприемачи, научници, уметници, техничари и инженери за влез во циркуларната економија и био-економијата. Активностите што се предвидуваат, вклучуваат заеднички локални прекугранични иницијативи за вработување постигнати преку кампањи за советување и развој на бизнис модели од страна на студентите. Целните настани ќе бидат организирани како едукативни презентации во средните училишта во Пелагонискиот регион, работилници за стекнување интерес и зголемување на свеста за циркуларна економија, био-економија и претприемништво во рамки на Центарот, додека специјалните обуки за наставници и ментори ќе бидат организирани со посредство на проектните партнери.