Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на проект финансиран од Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, има потреба од ангажирање на компанија за реализација на дел од активностите предвидени во проектот.

Проект: „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион”
Датум на објавување на тендерот: 23.05.2024
Краен датум за аплицирање: 07.06.2024

За Здружението:

Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Една од главните области е токму претприемништвото. Во градењето на претприемачкиот дух кај младите, и граѓаните во целина го гледаме најголемиот потенцијал за развој на македонската економија. Соработката со соседните држави, во проектите за прекугранична соработка придонесува за подобрување на економската состојба на граѓаните на двете страни од границата. Токму затоа проектите кои обезбедуваат размена на знаења и искуства стануваат сериозен дел од портфолиото на ЗМАИ.

Позадина за проектот:

Проектот има за цел да ги анализира и идентификува потенцијалите за развој на Пелагонискиот регион, со фокус на економски, социјални и еколошки аспекти. Потребата за оваа анализа произлегува од неискористените ресурси и предизвиците кои го попречуваат одржливиот развој на регионот. Методологијата на проектот вклучува дескриптивна анализа на постоечките податоци, истражување на јавното мислење и фокус групи, SWOT анализа, и развој на стратегиски заложби и акциски планови. Проектот исто така вклучува поддршка за имплементација и мониторинг на предложените активности. Ресурсите потребни за проектот вклучуваат персонал со експертиза во анализа на податоци, економија, стратегиски развој, истражување на јавното мислење, и проектна администрација. Очекуваните резултати вклучуваат извештаи со визуелизација за секоја општина, анализа на јавното мислење, препораки, акциски план, обуки за вработените во општините, и индикатори за мерење на успешноста на акцискиот план.

На следниот линк може да го видите повикот: Тендер за набавка на техничка опрема

Во рамки на проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион” Здружението за истражувања и анализи – ЗМАИ објавува повик за компанија од која ќе се набави техничка опрема. За таа цел компаниите ќе имаат можност да испратат понуди и целосна тендерска документација до 07.06.2024 година.