Здружението за истражување и анализи ЗМАИ го објави првиот „Годишен извештај за конвергенција 2025 – Северна Македонија“ (Annual Convergence Report 2025 – North Macedonia), кој систематски мери колку е земјата блиску до просекот на Европската Унија во однос на квалитетот на живеење и развојните перформанси. Извештајот користи повеќе од 40 индикатори групирани во осум области: економија, социјална димензија, здравство, образование, владеење, животна средина, дигитализација и инфраструктура.
Резултатите покажуваат дека благосостојбата во Северна Македонија се движи меѓу приближно 38 и 86 проценти од просекот на ЕУ. Здравството и дигитализацијата се најблиску до европските стандарди и имаат потенцијал да ја достигнат ЕУ во помалку од една деценија, додека економијата заостанува најмногу, а образованието и животната средина моментално се оддалечуваат од европскиот просек. Овие наоди укажуваат на јасни приоритети за креаторите на политики, особено во делот на продуктивност, инвестиции во човечки капитал и одржлив развој.
Извештајот е изработен од ЗМАИ во рамките на иницијативата converge2eu, во соработка со Vienna Institute for International Economic Studies – wiiw и Think Europe, со поддршка од Open Society Foundations. Комплетниот „Годишен извештај за конвергенција 2025 – Северна Македонија“, заедно со интерактивна табла со податоци по индикатори и области, е јавно достапен на веб-страницата www.converge2.eu.
Извештајот може да го видите и на овој ЛИНК
Скорешни коментари