Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Здружение ЗМАИ, ги подготви Посебните извештаи за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори 2025 година и Повторните избори 2026 година.

Извештаите се однесуваат на следењето на финансиското работење на учесниците во изборната кампања, со посебен фокус на законитоста на изворите на финансирање, начинот на трошење на средствата и почитувањето на законските обврски за време на изборниот процес. Во рамки на овој процес, ДКСК, согласно своите надлежности, спроведува активности насочени кон превенција и спречување на корупцијата и соработува со повеќе релевантни институции, меѓу кои Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Министерството за внатрешни работи.

Наодите од извештаите ја истакнуваат важноста на транспарентното, точно и навремено финансиско известување, како и на ефикасниот институционален надзор, како основа за зајакнување на довербата во изборниот процес, политичкиот интегритет и демократската отчетност.

🔎 Целиот извештај може да го прочитате на овој ЛИНК