Објавен е Извештајот за работата на Здружението ЗМАИ за 2024та година. Година која за нас беше јубилејна, и во која се остварија многу наши цели сонувани во изминатите 10 години. За оваа цел минатата година имавме 10 недели исполнети со настани под капата – 10 години податоците зборуваат.

Овие 10 недели преку податоци зборувавме за: Иновации, истражување, претприемништво, податоци, млади, за Македонија, за македонската иднина во ЕУ, медиуми и медиумски содржини, економија, образование и наука. Медиумите и новинарите беа со нас во секој чекор и особено сме горди на одличната соработка со нив. Особена чест за нас, беше продолжувањето на голем дел од проектите на кои работевме изминатите години.

Работата на проектите кои вклучуваат:

·       Подобрување на ефикасноста на трошоците во основното и средното образование

·       Индекс на отвореност на општините за 2024 година

·       Формула за финансирање на градинки преку Блок дотации

·       Формула за финансирање на блок дотации за институционално сместување и грижа за стари лица

·       Што го врти светот? – Сезона 2 во областа на нашата медиумска продукција.

Овие проекти почнаа во текот на претходните години и продолжија во 2024та. Тие во целост ги отсликуваат заложбите на ЗМАИ за подобрување на државниот образован систем, финансирањето на образованието, детската заштита и грижата за постарите лица. Како тим од економисти, ја согледуваме реалната состојба, можностите и стандардите кои граѓаните ги заслужуваат и редовно соработуваме со Светската Банка, УНИЦЕФ и секако, македонските државни институции со цел овие цели да се остварат. Минатата година нашето медиумско присуство значително се засили и преку продукцијата на „Што го врти светот“, медиумски производ кој ги надмина очекувањата на тимот и ни покажа дека македонската публика сака да види успешни примери и да научи од нивното искуство.

Нашата страст за истражување и слушање што зборуваат податоците во различни области, не однесе во три нови и предизвикувачки проекти во 2024та година.

·       Зголемување на транспарентноста во локалните самоуправи: имплементација и евалуација на граѓанските буџети во Уганда, Кенија и Зимбабве

·       Борба против нелегални шумски активности

·       Конвергенција на Западен Балкан со ЕУ

·       Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион

·       Следење на потенцијална злоупотреба на државните ресурси за време на изборите во Северна Македонија

Особено интересен за нас е предизвикот да работиме на меѓународни пазари, па така запознавањето со системите на јавни финансии во Уганда, Кенија и Зимбабве за нас беше нов квалитетен проект. Чест беше да се придонесе во борбата против нелегалната дрво сеча преку теренска анализа на ставовите на граѓаните, за оваа деликатна тема. Тимот на ЗМАИ верува во рационално користење на државните ресурси, па така истражувањето поврзано со нивната употреба и можните злоупотреби беше проект кој веруваме дека допрва ќе дава резултат. ЗМАИ, како национален партнер во проектот за Конвергенција на земјите од Западен Балкан со ЕУ, е одговорен за прибирање и анализа на податоци, подготовка на сценарија за ЕУ интеграција и формулирање на препораки за политики. Сепак, наша заложба е да делуваме и локално, па така изминатата година активна беше и канцеларијата на ЗМАИ во Прилеп и Пелагонискиот регион од каде го работевме проектот за паметна специјализација и реален развој на регионот. Овој проект дава јасни насоки за потенцијалните дејности кои може да се развиваат во Пелагонија, но истиот предвиде и тесна соработка со граѓаните, академската јавност и вработените во општините во регионот. За нас овој проект претставува основа за развој на сите региони во државата и намалување на диспартиетите помеѓу нив.

За нас, 2024та година беше година на развој и раст. Тимот го збогативме со уште еден нов соработник – Стела Поповска која стана дел од тимот на „Што го врти светот?“ во втората сезона. Особено сме горди на тоа што ги задржавме и унапредивме соработките со сите соработници во нашата мрежа. Оваа година финансиски го одржува нивото од 2023та, но како професионалци и економски/дата активисти за нас донесе многу повеќе и не направи многу подобри.

Целиот извештај може да го видите ТУКА.