Здружението за истражување и анализи, во рамките на проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион“, има потреба од ангажирање на двајца експерти, тренери за подготовка и спроведување на обуки за вработени во општините и регионот.
За Здружението:
Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Поддршката на реформите во основното образование е еден од нашите клучни столбови. Оттука, нашите заложби и фокус се во насока на градење на јавни политики кои ќе обезбедат соодветни услови за еднаков и правичен развој на образовните процеси и можности за сите ученици низ целата земја
За Проектот:
Проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион“ е насочен кон зајакнување на капацитетите на општините во регионот преку идентификација и анализа на економските, социјалните и еколошките услови. Целта е да се креираат конкретни препораки и стратегиски заложби базирани на реални податоци, со акцент на паметна специјализација, која ќе овозможи одржлив економски раст и подобрување на квалитетот на живот. Проектот вклучува активности како анализа на состојбата, идентификување на потенцијали, развој на стратешки заложби и изработка на акциски план за имплементација. Очекуваните резултати вклучуваат значително влијание на локалната економија и социјални услуги, како и создавање на нови работни места.
Опис на работниот ангажман:
ПОЗИЦИЈА: Експерти
Задачи и одговорности
Во текот на целиот период на имплементација (8 месеци), експертите ќе треба да осмислат и формулираат методолошки пристапи за собирање, обработка и интерпретација на податоци, прилагодени на потребите на регионот и вработените во општините. Паралелно, тие ќе развијат курикулуми за обуки, кои ќе ги подготват вработените за практична примена на стекнатите знаења во нивното секојдневно работење. Експертите ќе ја преземат одговорноста за координација со релевантните страни, анализа на повратни информации, и осигурување дека сите материјали и методологии се во согласност со целите и стандардите на проектот. Нивните задачи ќе вклучуваат редовни извештаи за напредокот и соработка со тимовите задолжени за мониторинг и евалуација на спроведените активности.
Потребни квалификации:
– Магистерски студии (MSc) во статистика, економија, или сродни дисциплини
– Искуство со квантитативни методи, вклучително и моделирање и анализа на податоци
– Искуство во изработка на истражувачки проекти и консултантски задачи за меѓународни организации како Светска банка, УНИЦЕФ, и други
– Познавање и искуство со обработка на големи бази на податоци, статистички анализи и креирање на курикулуми за обука.
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
Активности:
1. Изработка на методологии за анализа на податоци:
– Развивање на структуриран пристап за собирање, обработка и толкување на податоци кои се релевантни за економските, социјалните и еколошките карактеристики на регионот.
– Осигурување дека методологиите се во согласност со принципите на паметна специјализација и овозможуваат идентификување на реалните потенцијали за развој.
2. Дефинирање на курикулуми за обуки :
– Подготовка на програми за обуки на локалните власти.
– Вклучување на теми како идентификација на потенцијали, мониторинг на индикатори, и примена на добиените податоци во одлуки за развој.
3. Подготовка на алатки за мониторинг :
– Креирање на индикатори за следење на развојот и напредокот на регионот.
– Обезбедување практични решенија за користење на податоците во секојдневната работа на локалните власти.
4. Поддршка во имплементацијата на обуките и анализите :
– Нивно активно учество во реализацијата на обуките за претставници од општините и планските региони.
– Обезбедување на материјали, визуализации и документи за полесно пренесување на знаењето.
Потребни документи:
– CV на македонски или англиски јазик
Заинтересираните кандидати треба да ни ги испратат документите на contact@zmai.mk, најдоцна до 10.04.2024 година, до 15 часот.
Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.
Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната e-mail адреса: contact@zmai.mk.
Скорешни коментари