Два од тимовите кои учествуваа на #Datathon2024, организиран од ЗМАИ, работеа на обработка на податоци поврзани со младинска гаранција. Оваа иницијатива вклучи млади аналитичари и ентузијасти кои, преку анализа и визуализација на податоци, придонесоа кон подобро разбирање на ефектите и предизвиците на мерките на Младинската гаранција.
Резултатите од нивната работа на 15 октомври беа презентирани пред претставници на Агенцијата за вработување на РСМ и други релевантни чинители. Овие презентации ја покажаа вредноста на младите умови во развивањето иновативни решенија и предложија препораки за поефикасни политики и мерки насочени кон намалување на невработеноста кај младите.
Обработката и визуелизацијата на податоците играат клучна улога во водењето и креирањето на ефикасни мерки. Ваквите активности не само што придонесуваат кон унапредување на јавните политики, туку и ја поттикнуваат идната генерација на експерти да учествуваат во процесите на донесување одлуки.



Скорешни коментари