Со четвртиот модул од обуките за градење на истражувачките капацитети на граѓанските организации се наоѓаме на половина од реализацијата на овие обуки и чекор поблиску до градење на Центарот за јавни политики.

Четвртиот модул беше одржан на 28 ноември, 2020 година преку платформата ZOOM. Овој модул беше од значење за статистичкото оценување и анализа на податоци, односно примена на различни алатки и програми кои ќе дадат оптимални резултати при анализата на податоци. Предавачи на овој модул беа Артан Сулејмани и Виктор Стојкоски.

Преку низа на примери и користење на програмата E-views, учесниците можеа да ги применат стекнатите знаења и начините на кои може да дојдат до конкретни резултати и заклучоци.

Спроведувањето на овие обуки е поддржано од страна на Цивика Мобилитас.