Петтиот модул од обуките за градење на истражувачки капацитети на граѓанските организации, а воедно и последен за оваа година, беше заокружен со статистичко заклучување и поставување на хипотези клучни за спроведување на успешно и релевантно истражување кое ќе има импакт во средината. Предавачи на петтиот модул беа Невена Спасовска и Виктор Стојкоски.

Преку овие 5 модули кои се спроведуваа досега, учесниците се запознаа со елементарните чекори и постапки при планирање и спроведување на истражување. Активностите кои следат вклучуваат реализација на истражувања од областите во кои организациите делуваат.

На следните 3 модули учесниците ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за истражувања и да ги прикажат во пракса стекнатите знаења преку примена на техниките и методите за прибирање на податоци во своите истражувања и обработка и сумирање на добиените податоци.

Обуките се финансиски поддржани од страна на програмата за Акциски грантови на Цивика Мобилитас.