Парламентарната буџетска канцеларија – ПБК на Собрание на Република Северна Македонија во соработка со Здружението ЗМАИ неделава одржа презентација на брифот за политики за Eфектите од пандемијата на КОВИД – 19 врз македонската економија. На презентацијата говорник беше Претседателот на ЗМАИ, Виктор Митевски. За време на презентацијата присутни беа пратеници од повеќе засегнати собраниски комисии.

За време на презентацијата се поставија важни аргументи и препораки вклучени во публикацијата, а се насочени кон справување со економската криза и намалување на последиците кои КОВИД-19 ги имаше врз економијата во Северна Македонија. Дел од предлозите вклучуваа креирање на краткорочни мерки за поддршка и стимулирање на домашната побарувачка, подобар дизајн на мерките за поддршка на домаќинствата и фирмите и воспоставување на услов за ненамалување на платите на работниците што ќе ја врати довербата кај деловните субјекти.

Покрај ова, се споделија и клучните сознанија и заклучоци добиени по анализата на распределба на средствата за поддршка за време на пандемијата за појасна слика за економската состојба во земјата и движењата на пазарот на трудот и инвестициите.