Здружението за истражување и анализи –ЗМАИ објавува повик за учество за 20 граѓански организации на обуки за јакнење на капацитетите во спроведувањето на истражување и градење на јавни политики. Обуките се спроведуваат во рамките на проектот – “Центар за јавни политики”.

Овие обуки покриваат 8 важни модули:

  • Анализа на опкружувањето;
  • Дескриптивна анализа;
  • Статистички примерок и анализа на податоци;
  • Тестирање на хипотези;
  • Статистичко заклучување;
  • Асистирање во изборот на тема за истражување во зависност од областа на делување на граѓанската организација;
  • Креирање на јавни политики;
  • Прикажување на сознанија од истражување;

Согласно на потребите граѓанските организации, програмата за јакнење на капацитети содржи три клучни сегменти:

  1. Обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации во областа на спроведување на истражување
  2. Финансиска поддршка при спроведување на истражувањето и Менторство во развивање на тема и методологија за истражувањето
  3. Заеднички промотивен настан и публикација на заеднички документ со препораки за јавни политики.

Во прилог следува целосниот повик на македонски и албански јазикЗаинтересираните организации може да се пријават со пополнување на оваа пријаванајдоцна до (четврток) 08.10.2020 година, до 15:00 часот. Повикот може да го споделите и со колеги кои сметате дека би биле заинтересирани за учество на обуките.

Само селектираните организации за обуките ќе бидат контактирани со информации околу одржувањето на обуките и пристап до платформата.

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на е-маил: contact@zmai.mk  не подоцна од 07 октомври 2020 година.

ПРИЈАВА ЗА ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ.