Здружението за истражување и анализи, во рамките на проектот „Зголемување на вработеноста преку претприемништво во циркуларната економија – BeCircular“, поддржан од Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme, има потреба од вработување на Oдговорно лице за процесот на развој на нов бизнис и претприемништво и координатор на Living Labs

За Здружението:

Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Поддршката на реформите во основното образование е еден од нашите клучни столбови. Оттука, нашите заложби и фокус се во насока на градење на јавни политики кои ќе обезбедат соодветни услови за еднаков и правичен развој на образовните процеси и можности за сите ученици низ целата земја

За Проектот:

Главната цел на проектот е создавање на можности за вработување на матуранти и студенти, преку искористување на компаративните предности на прекуграничната област, по можност, со употреба на иновативни алатки и практики. BеCircular се приближува кон концептите на циркуларната економија и био-економија, за создавање можности за работа на младите инженери/научници/уметници/техничари. Преку понатамошна обука и подготвување на истите да функционираат како претприемачи преку искористување на високообразовните вештини и знаења. Активностите од проектот се целосно во согласност со стратегиите на ЕУ, националните и локалните власти за управување со отпадот и промоција на циркуларната економија.
Во рамки на проектот, од страна на ЗМАИ, предвидено е воспоставување на „Центар за претприемништво и креативност“ за подготовка на млади претприемачи, научници, уметници, техничари и инженери за влез во циркуларната економија и био-економијата. Активностите што се предвидуваат, вклучуваат заеднички локални прекугранични иницијативи за вработување постигнати преку кампањи за советување и развој на бизнис модели од страна на студентите. Целните настани ќе бидат организирани како едукативни презентации во средните училишта во Пелагонискиот регион, работилници за стекнување интерес и зголемување на свеста за циркуларна економија, био-економија и претприемништво во рамки на Центарот, додека специјалните обуки за наставници и ментори ќе бидат организирани со посредство на проектните партнери.

Опис на работниот ангажман:

ПОЗИЦИЈА: Oдговорно лице за процесот на развој на нов бизнис и претприемништво и координатор на Living Labs

Задачи и одговорности

Oдговорното лице за процесот на развој на нов бизнис и претприемништво и координатор на Living Labs, ќе биде одговорен за координација на Living Labs и имплементација на Design Sprint развој на производи на најдобри бизнис идеи од Lean Startup програмата, за време на процесот на решавање на локални деловни проблеми преку Bootcamp Design Sprint. Неговата/нејзината задача ќе биде да ги таргетира локалните компании кои ќе учествуваат во Bootcamp Design Sprint, како проект за учење, направен од ученици. Исто така лицето ќе биде одговорно за процесот на развој на нов бизнис и претприемништво. Одговорното лице ќе биде ангажирано вкупно 6 месеци во текот на спроведување на проектот и најмалку уште 6 месеци по завршувањето на проектот.

Потребни квалификации

– Диплома за завршено образование (магистерска или повисока диплома ќе биде предност)

– Најмалку 5 години искуство во програми за претприемништво

– Има спроведено најмалку 5 design sprints во последните 3 години;

– Да имате одлични комуникациски вештини и докажана способност за деловно вмрежување;

– Да покажете докажано одлично познавање на македонски и англиски јазик;

Активности

1. Координација на Living Lab
2. Имплементација на Design Sprint
3. Решавање на локални деловни проблеми преку Bootcamp Design Sprint
4. Таргетира локалнi компании кои ќе учествуваат во Bootcamp Design Sprint

Потребни документи

– Пополнет онлајн формулар за апликација
– CV на македонски јазик
– Мотивациско писмо
– Референтна листа (не е задолжителна)

Формуларот за аплицирање можете да го најдете на следниот линк.

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот и да ги прикачат потребните документи (CV, мотивациско писмо и референтна листа), најдоцна до 13.02.2023 година, до 17 часот.

Доколку вашата апликација успешно ја помине фазата на евалуација и влезете во потесниот круг на кандидати, ќе бидете повикани на интервју. Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.

Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната e-mail адреса: contact@zmai.mk.