Здружението за истражување и анализи, во рамките на проектот „Зголемување на вработеноста преку претприемништво во циркуларната економија – BeCircular“, поддржан од Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme, има потреба од вработување на координатор на Центарот за претприемништво и креативност.

За Здружението:

Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Поддршката на реформите во основното образование е еден од нашите клучни столбови. Оттука, нашите заложби и фокус се во насока на градење на јавни политики кои ќе обезбедат соодветни услови за еднаков и правичен развој на образовните процеси и можности за сите ученици низ целата земја

За Проектот:

Главната цел на проектот е создавање на можности за вработување на матуранти и студенти, преку искористување на компаративните предности на прекуграничната област, по можност, со употреба на иновативни алатки и практики. BеCircular се приближува кон концептите на циркуларната економија и био-економија, за создавање можности за работа на младите инженери/научници/уметници/техничари. Преку понатамошна обука и подготвување на истите да функционираат како претприемачи преку искористување на високообразовните вештини и знаења. Активностите од проектот се целосно во согласност со стратегиите на ЕУ, националните и локалните власти за управување со отпадот и промоција на циркуларната економија.
Во рамки на проектот, од страна на ЗМАИ, предвидено е воспоставување на „Центар за претприемништво и креативност“ за подготовка на млади претприемачи, научници, уметници, техничари и инженери за влез во циркуларната економија и био-економијата. Активностите што се предвидуваат, вклучуваат заеднички локални прекугранични иницијативи за вработување постигнати преку кампањи за советување и развој на бизнис модели од страна на студентите. Целните настани ќе бидат организирани како едукативни презентации во средните училишта во Пелагонискиот регион, работилници за стекнување интерес и зголемување на свеста за циркуларна економија, био-економија и претприемништво во рамки на Центарот, додека специјалните обуки за наставници и ментори ќе бидат организирани со посредство на проектните партнери.

Опис на работниот ангажман:

ПОЗИЦИЈА: Координатор на Ценар за претприемнишво и креативност (Координатор на ЦПК)

Задачи и одговорности

Координаторот на Центарот за претприемнишво и креативност ќе биде одговорен за евидентирање на техничките барања на ЦПК во Прилеп и подготовка на набавките за потребната опрема и инфраструктурата. Исто така, тој/таа ќе биде одговорен за процесот на развој на нов бизнис и претприемништво. Координаторот на ЦПК ќе биде ангажиран вкупно 6 месеци во текот на спроведување на проектот и најмалку уште 6 месеци по завршувањето на проектот.

Потребни квалификации

– Диплома за завршено образование (магистерска или повисока диплома ќе биде предност)
– Најмалку 3 години искуство во координирање на теренски проекти или програми за неформално образование
– Да покажете јасно познавање за стартап и бизнис екосистем во Северна Македонија или пошироко и да ги познавате трендовите и случувањата за отворени податоци во регионот и на глобално ниво (искуство со стартапи и компании од Пелагонискиот регион ќе биде предност);
– Да имате одлични комуникациски вештини и докажана способност за деловно вмрежување;
– Да покажете докажано одлично познавање на македонски и англиски јазик;

Активности

1. Работен план и временска рамка;
2. Организирање обуки и работилници за студенти, наставници и ментори во ЦПК
3. Организирајте пичинг сесии за студентски стартапи
4. Спроведување на менторски и тренерски сесии во ЦПК
5. Завршни извештаи за работа

Потребни документи

– Пополнет онлајн формулар за апликација
– CV на македонски јазик
– Мотивациско писмо
– Референтна листа (не е потребна)

Формуларот за аплицирање можете да го најдете на следниот линк.

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот и да ги прикачат потребните документи (CV, мотивациско писмо и референтна листа), најдоцна до 03.01.2023 година, до 17 часот.

Доколку вашата апликација успешно ја помине фазата на евалуација и влезете во потесниот круг на кандидати, ќе бидете повикани на интервју. Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.

Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната e-mail адреса: contact@zmai.mk.