Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во соработка со Здружението Гласен текстилец, во рамките на проектот “Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранивите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, финансиран од Фондација Отворено Општество –  Македонија, во текот на изминатата година спроведе низа на активности за мерење на ефектите од спроведените мерки за справување со последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД-19 во текстилната индустрија, како и за положбата на една од најпогодените групи, текстилните работници и работнички.

Фокусот на проектот беше ставен на анализирање на постоечките мерки за намалување на последиците од пандемијата и нивната искористеност. Завршните наоди од истражувањето ќе бидат прикажани на промотивниот настан кој ќе се одржи на 6 јули 2021 г. (вторник), со почеток во 11 часот, онлајн преку каналот на ЗМАИ на платформата YouTube.  

Покрај презентацијата на студијата, за време на настанот предвидена е и панел дискусија со претставници на засегнатите страни и институциите кои се директно задолжени за спроведување на мерките за справување со последиците од пандемијата врз текстилната индустрија. Покрај претставници на ЗМАИ и Фондацијата Отворено Општество Македонија, како говорници присутни ќе бидат и Директорката на Државен инспекторат за труд, м-р Јована Тренчевска, Претседателот на Синдикатот за текстилна, кожарна и чевларска индустрија, г-дин Љупчо Радовски, Претседателката на Текстилен кластер, г-ѓа Мирјана  и Извршната директорка на Гласен Текстилец, г-ѓа Кристина Ампева.

Агендата за време на настанот е следната:

11:00 – 11:10 Воведно обраќање
  • Виктор Митевски, Претседател на ЗМАИ
  • Данче Даниловска Бајдевска, Програмска директорка, Владеење на право и добро управување
11:10 -11:45 Презентација на сознанија од истражување
  • Виктор Стојкоски, Истражувач во ЗМАИ
11:45 – 12:30 Панел дискусија
  • м-р Јована Тренчевска, Директорка на Државен инспекторат за труд
  • г-дин Љупчо Радевски, Претседател на Синдикатот на текстилна, кожарска и чевларска индустрија
  • г-ѓа Маријана Перковска, Претседателка на Текстилен Кластер
  • г-ѓа Кристина Ампева, Извршна директорка на Гласен Текстилец

Преносот на панел дискусијата може да се следи онлајн, на следниот линк.