На 16.01.2021 година се продолжи со спроведување на шестиот модул од обуките за градење на истражувачките капацитети на граѓанските организации, кој беше спроведен преку платформата ZOOM.
Овој модул беше спроведен од страна на Виктор Стојкоски и Артан Сулејмани. За време на овој модул, акцентот беше ставен на воспоставување на соработка меѓу организациите-учесници кои имаат слична или сродна област на делување.

Шестиот модул од обуките беше насочен кон вмрежување на претставниците од граѓанските организации, како и презентација и прикажување на концептите за истражување кој секој од учесниците го имаше подготвено.
Овие концепти се креираа со цел да се прикаже стекнатото знаење на учесниците за примена на статистичките методи и техники при истражувањето. Истовремено, секој учесник доби фидбек од страна на истражувачкиот тим за областа на истражувањето и добивање на оптимални резултати од спроведеното истражување.
Последните два модули ќе опфатат алатки и инструменти за прикажување на сознанијата од истражувањето како и креирање на предлози за јавни политики кои ќе бидат доставени до јавноста и институциите.