Одржан и вториот модул за јакнење на капацитетите на претставниците на граѓанскиот сектор од областа на статистиката и анализирањето на податоци. Вториот модул се спроведе онлајн на 31 октомври 2020 година.

Темите кои беа опфатени со овој модул вклучуваа основи на дескриптивна анализа и обработка на податоци. Истражувачите кои го покрија овој дел од обуките беа Горан Мојаноски и Невена Спасовска. Овој модул имаше за цел на учесниците да им пренесе каде и на кој начин да ја користат дескриптивната статистика за полесно прикажување на заклучоците до заинтересираните страни.

Обуката е поддржана од страна на Цивика Мобилитас, во рамките на проектот – “Центар за јавни политики”.