Здружението ЗМАИ со поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија ја објави публикацијата “Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 врз текстилната индустрија“.

Публикацијата е резултат на истражувањата кои ги спроведе ЗМАИ во периодот од Јули 2020 до Јули 2021 во рамките на проектот “Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените”. Изработениот документ служи како појдовна точка за создавање на механизам за поддршка и следење на јавните политики наменети за подобрување на економската состојба во текстилната индустрија во Република Северна Македонија.

Целосното истражување може да се прочита тука.