К О Н К У Р С

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ Скопје, има потреба од Проектен/на асистент/ка за  ефикасно и ефективно имплементирање на активностите во рамки на проектите кои се  спорведуваат од страна на ЗМАИ.

Опис на работни задачи на Проектен/на асистент/ка:

∙ Организација, имплементација и поддршка на проектни активности на ЗМАИ; ∙ Редовна координација за тековни работи и обврски со Претседателот на Здружението,  Извршниот одбор и останатите членови на проектните тимови;

∙ Водење и документирање на архива на Здружението;

∙ Поддршка на проектните координатори во финансиското водење на проектите; ∙ Комуникација со сметководственото биро и правните застапници на ЗМАИ; ∙ Комуникација со странки;

∙ Комуникација со проектни партнери и соработници;

∙ Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа; ∙ Други активности кои произлегуваат од реализациајта на проектите.

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

∙ Искуство во подготовка и реализација на настани;

∙ Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик; ∙ Одлично познавање на алатките на Microsoft Office и Google, познавање на алатки за  дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност; ∙ Вештини за прибирање и обработка на податоци;

∙ Искуство во изработка на договори и водење на тековни финансиски активности ќе се  смета за предност;

∙ Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори  (УСАИД, Европска Комисија, CIVICA Mobilitas или ФООМ) ќе се смета за предност; ∙ Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка; ∙ Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери; ∙ Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата; ∙ Познавање на работата и мисијата на ЗМАИ.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од најмалку 20 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати  ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 3 месеци пробна работа (која ќе вклучува и  обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување. Месечниот  надоместок е обезбеден во рамки на неколку проекти финансирани од: ICLS, CIVICA Mobilitas,  ФООМ.

Рок и начин на пријавување:

Здружение ЗМАИ, ул. Емил Зола бр. 9/2-20, 1000 Скопје, тел: +389 70 656 432, e-mail: contact@zmai.mk

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

∙ Кратка биографија (CV на македонски јазик);

∙ Мотивациско писмо на македонски јазик;

∙ Референтна листа на контакти (не е задолжително)

На електронската адреса contact@zmai.mk со наслов/назнака „[име и презиме] Апликација за  работно место – Проектен асистент во ЗМАИ“.

Рокот за поднесување на апликации е 12 јуни 2020 година (петок), до 16:00 часот. Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе ја поминат првичната селекција, ќе бидат повикани на разговор (Online) во  периoдот од 16 до 18 јуни, 2020. Работните активности на избраното лице ќе започнат најдоцна до  29 јуни, 2020 година.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ЗМАИ го  задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.

Здружение ЗМАИ, ул. Емил Зола бр. 9/2-20, 1000 Скопје, тел: +389 70 656 432, e-mail: contact@zmai.mk