На 25 јуни 2021 (петок) со почеток од 10 часот, на покривот на Домот на градежниците ќе се одржи настанот „Rooftop Startup Talk“, кој го спроведува Шпаркасе Банка.

Во рамките на овој настан, заедно со Business Impact Lab и Start Up Academy ќе се сподели повеќе за програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, вклучително и едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите. За време на дискусијата, посетителите ќе имаат можност да уживаат во појадокот подготвен од Yes Pasta, еден од успешните бизниси кој помина низ процесот на менторство за време на програмата “Чекор по чекор”.

За време на настанот ќе бидат запазени сите протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.

Заради ограничен број на места, присуство на настанот претходно треба да биде најавено на следната емаил адреса: marketing@sparkasse.mk.

Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот линк.