Околу 90% од граѓаните во земјата не се доволно информирани за Буџетите на нивните општини, додека отвореноста и вклученоста на општините сериозно влијае на подобрувањето на довербата на граѓаните во локалните власти.
Шведскиот Меѓународен Центар за Локална Демократија организира обука за локалните власти на која се поканети администрациите од светот. На утрешната презентација извршниот директор на ЗМАИ – Виктор Митевски ќе ги обучува присутните за тоа како да изработуваат Граѓански Буџети. Ваквиот тип на документи, имаат за цел да ги приближат Буџетите до оние за кои се наменети.
Обуката ќе се започне во 14 часот, и ќе се одржува онлајн. На истата веќе се пријавени учесници од повеќе локални администрации вклучително и македонските.
Линк за регистрација: https://icld.se/…/digital-workshop-make-a-citizens-budget/
Се гледаме!
Повеќе информации на следниот линк: https://icld.se/…/digital-workshop-make-a-citizens-budget/