Изминатиот викенд на 06.02.2021 година, се спроведе и последниот модул од обуката за истражување наменета за граѓанскиот сектор, преку која учесниците се стекнаа со вештини за самостојно спроведување на анализи и истражување во областа во која се активни.

Преку 8 модули, 20 претставници на организации кои доаѓаат од различен плански регион и област на делување се стекнаа со можноста да бидат дел од оваа модуларна обука. Со тоа сметаме дека ќе се придонесе кон креирање на предлози за ефективни јавни и локални политики кои ќе придонесат кон унапредување на состојбата во различни општествени сфери, како и ќе го зголемат учеството на граѓанските организации во создавањето на јавни политики.

За време на осмиот модул се дискутираше за начините и алатките за прикажување на сознанијата од истражувањето, како и дисеминација на истражувањето. Покрај советите на тренерите и истражувачите, самите учесници споделија свои искуства за прикажување на резултати и ефектите кои ги имаат различните традиционални и дигитални медиуми во постигнувањето на целите и да се допре до поширока публика.
Во текот на следниот период, ќе следува менторска поддршка на претставниците на граѓанскиот сектор за развој и реализација на концептите за истражувања.