Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ, гостуваше во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, каде што се разговараше за демографските предизвици во земјата и нивното влијание врз економијата, јавните услуги и долгорочниот развој.

Во гостувањето, Митевски се осврна на потребата демографските промени да се третираат како едно од клучните развојни прашања, а не само како статистички показател. Тој нагласи дека намалувањето на населението, иселувањето, стареењето на популацијата и регионалните нерамнотежи имаат директни последици врз пазарот на труд, образованието, здравството, локалниот развој и одржливоста на јавните финансии.

Разговорот ја истакна важноста од креирање политики засновани на податоци, анализа и реална проценка на потребите на граѓаните. Демографските трендови бараат координиран институционален одговор, долгорочно планирање и мерки што ќе ги земат предвид разликите меѓу регионите, општините и различните групи население.

Ваквите јавни дискусии се дел од заложбите на ЗМАИ за поттикнување информирана дебата, подобро разбирање на јавните политики и унапредување на одлуките што влијаат врз квалитетот на живот, економскиот развој и иднината на земјата.

Целото гостување може да се погледне во видеото подолу.