Извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, беше гостин во новото издание на подкастот „Независна зона“, каде се разговараше за актуелните општествени и економски состојби, предизвиците со кои се соочува земјата и потребата јавните политики да се темелат на податоци, анализа и долгорочна визија.
Во разговорот, Митевски се осврна на значењето на економската и институционалната конвергенција со Европската Унија, како и на потребата од посуштинска јавна дебата за реформите, животниот стандард и капацитетот на институциите да испорачуваат резултати за граѓаните. Посебен акцент беше ставен на улогата на истражувањето и аналитичките алатки во креирањето политики кои се разбирливи, мерливи и насочени кон реални промени.
Гостувањето се надоврзува на работата на ЗМАИ во областа на јавните финансии, транспарентноста, економскиот развој и европската интеграција, преку која организацијата континуирано придонесува кон подобро разбирање на податоците и нивна примена во јавниот интерес.
Целото гостување може да го погледнете на линкот подолу
Проектот Converge2EU е под водство на Vienna Institute for International Economic Studies – wiiw и Think Europe, со поддршка од Open Society Foundations Western Balkans
Скорешни коментари