ЗМАИ присуствуваше на свеченото доделување на грантови за поддржаните организации во рамки на Повикот за предлози „Зајакнување на јавниот ангажман и комуникацијата на патот кон членство во ЕУ“.

Горди сме што ни беше доделена поддршка во рамки на овој повик, кој се спроведува во рамки на проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од UNOPS во партнерство со Министерството за европски прашања, со поддршка од Шведска и Швајцарија. Оваа иницијатива ја потврдува важната улога на граѓанското општество, медиумите, институциите и граѓаните во јакнењето на јавната свест, демократскиот дијалог и инклузивното учество на патот на Северна Македонија кон членство во Европската Унија.

За ЗМАИ, оваа поддршка претставува значајно признание и дополнителен поттик за понатамошна работа во насока на унапредување на јавната комуникација, информираноста и граѓанското учество во процесот на европска интеграција.

Им благодариме на организаторите и партнерите за довербата и можноста да бидеме дел од оваа важна иницијатива.