Виктор Митевски, извршниот директор на ЗМАИ гостуваше кај новинарот Иле Петрески во Анализа на ТВ 24. Отворени беа прашањата поврзани со економијата, од економските политики на Владата, економскиот раст, изворите на финансирање на долгот, растот на платите, до корупцијата која ги „јаде“ јавните инвестиции. Митевски зборуваше за потребата од вложување во нови технологии, поголема продуктивност и развој да финални производи со додадена вредност наспроти т.н. лон производство.

Ако платата е главен трошок на компаниите значи имаме голема трудоинтензивна економија, ние не произведуваме доволно продукти кои можат да ни дадат простор за дополнителна вредност. Туку зависиме само од цената на работната сила. Ако е таков случајот ние сме во голем ризик. Економиите кои се базираат на трудоинтензивни дејности се лесно заменливи. Тоа го гледаме во текстилната индустрија и сите останати индустрии кои не бараат поголеми квалификации. Овие Индустрии можат лесно да се автоматизираат или да се најдат работници надвор од земјата. Ако ние зборуваме дека работната сила и растот на платите силно ќе влијае на инфлацијата, значи немаме капацитет да произведеме нешто, што е повредно. Ниту пак имаме инвестиции кои тоа ќе го стимулираат. Ако се погледнат профитите на големите компании тие не покажуваат дека нема простор за раст на платите. Добро е да има системски решенија за раст на платите, за да можат сите да пресметаат како би растеле истите во иднина, и компаниите и граѓаните. Треба да излеземе од системот на 4 годишното владеење и да создадеме систем кој трае и функционира надвор од мандатите. -изјави Митевски

Владата треба да креира услови за да можат да растат платите. Компаниите треба да размислуваат како да се развиваат. Без влог во инвестиции без зголемување на продуктивноста. Неколку маркети воведоа наплата дигитална. Ние имаме недостаток на работна сила, работниците кои ги работеле овие работи треба да ги доквалификуваме и да ги ставиме на повисока позиција, каде ќе заработуваат повеќе. Од друга страна ќе имате позадоволни потрошувачи кои побргу ќе ја завршат работата, нема да чекаат и ќе можат да најдат одговорно лице до кое ќе се обратат. Проблемот на нашето општество е дека ние се плашиме од дигитализација.

На прашањето поврзано со економските политики Митевски, зборува за важноста граѓаните да се едуцираат за економија со цел да ги препознаат квалитетните политики, наспроти оние кои не се во нивен интерес.

Видовме дека има ослободување од одреден дел од царините со цел ослободување на пазарот. Економските  политики на секоја влада се легитимни таа добила мандат да води и има право на изборот на политики. Мораме да креираме граѓанство и гласачи кои разбираат економија. Само така тие ќе бидат гласни и ќе бараат подобри економски политики кои се во нивен интерес. – вели Митевски.

Тој додава дека е поразително што земјата нема интегриран ит систем за јавни финансии. Според него, во 2001 година, кога е направен системот за работење на трезорот сме биле најнапредни од сите. Нашите соседи доаѓале тука да учат како да се направи тоа кај нив. За сега, да бидеме зад сите. Ова за јавноста не значи нешто, но за системот ќе значи многу. По 6 години ние уште викаме дека ќе правиме систем кој беше попчнат во 2019 година, а според планот тој до 2026та година требаше да биде целосно функционален.