Овој истражувачки проект го истражува спроведувањето и влијанието на Граѓанските буџети на локално ниво во три земји во Африка. Проектот има за цел да ги разбере клучните елементи на овие буџети, нивната улога во унапредување на транспарентноста и отчетноста во локалните самоуправи, како и нивниот потенцијал за овластување на граѓаните – особено маргинализираните заедници.
Преку теренски истражувања и директна соработка со локалните власти, ЗМАИ го испитуваше нивото на буџетска писменост како фактор што може да влијае врз ефективноста на оваа алатка. Дополнително, во фокус се ставени дигиталните технологии кои овозможуваат поефикасно и подостапно граѓанско учество во буџетските процеси. Методологијата вклучува канцелариска анализа, теренски анкети, интервјуа и работилници за градење капацитети со општински администрации и граѓански групи.
Прелиминарните резултати укажуваат на јасни придобивки: подобрување на довербата во локалната самоуправа, зголемена отчетност и посилен граѓански ангажман. Граѓанските буџети се потврдуваат како клучен инструмент за поттикнување на партиципативното управување и зголемување на фискалната писменост, а ЗМАИ продолжува да придонесува кон создавање податоци, алатки и препораки кои го зајакнуваат овој процес.

Доколку сакате да го прочитате целиот извештај, тоа може да го направите на следниот ЛИНК

Еден од клучните резултати на проектот е надградбата на toolbox-от за граѓански буџетирања, која првично беше развиена во 2023 година. Новата верзија на алатката е проширена со искуства и препораки произлезени од теренските посети и работилниците спроведени во Кенија, Уганда и Зимбабве. Таа сега нуди практични примери, ажурирани индикатори за транспарентност и иновативни дигитални решенија за партиципативно буџетирање.

На овој ЛИНК може да ја погледнете новата верзија на toolbox-от