Здружението за истражување и анализи, во рамките на проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион“, има потреба од ангажирање на двајца експерти, тренери за подготовка и спроведување на обуки за вработени во општините и регионот.
За Здружението:
Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат достапни и разбирливи од пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси за истражувачката заедница, државните институции и донаторската заедница во земјата и странство. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Поддршката на реформите во основното образование е еден од нашите клучни столбови. Оттука, нашите заложби и фокус се во насока на градење на јавни политики кои ќе обезбедат соодветни услови за еднаков и правичен развој на образовните процеси и можности за сите ученици низ целата земја
За Проектот:
Проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион“ е насочен кон зајакнување на капацитетите на општините во регионот преку идентификација и анализа на економските, социјалните и еколошките услови. Целта е да се креираат конкретни препораки и стратегиски заложби базирани на реални податоци, со акцент на паметна специјализација, која ќе овозможи одржлив економски раст и подобрување на квалитетот на живот. Проектот вклучува активности како анализа на состојбата, идентификување на потенцијали, развој на стратешки заложби и изработка на акциски план за имплементација. Очекуваните резултати вклучуваат значително влијание на локалната економија и социјални услуги, како и создавање на нови работни места.
Опис на работниот ангажман:
ПОЗИЦИЈА: Експерт/тренер
Задачи и одговорности
Експертите/тренерите ќе развиваат и спроведуваат обуки за вработени од општините во Пелагонискиот регион, фокусирајќи се на паметна специјализација и техники за анализа на податоци. Треба да организираат консултации со засегнати страни и да подготват материјали за обука, како и механизми за следење на ефективноста на обучувањето. Исто така, треба да подготват извештај за напредокот на обуките, осигурувајќи дека сите активности се документирани во согласност со проектните барања. Експертите треба да спроведат 3 фокус групи со учесници од регионот, со цел да се соберат квалитативни податоци и повратни информации. Тие ќе ги идентификуваат главните предизвици и потреби на локалното население, компании и институции, а потоа ќе анализираат добиените податоци и ќе подготват извештаи кои ќе ги презентираат резултатите.
Потребни квалификации
– Диплома за завршено образование (магистерска или повисока диплома ќе биде предност)
– Најмалку 3 години искуство во организирање на обуки или фокус групи
– Познавање на економија, социјална работа и други сродни науки;
– Комуникациски вештини
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
Активности:
1. Организација на фокус групи:
Планирање и спроведување на фокус групи со учесници од регионот.
Идентификување на главните предизвици и потреби на локалното население, компании и институции.
Водење дискусии за собирање квалитативни податоци и повратни информации.
2. Анализа на собраните податоци:
Обработка и анализа на податоците добиени од обуките и фокус групите.
Подготовка на извештаи со резултатите од анализата и предложени препораки за развој.
3. Развој и спроведување на обуки:
Развивање на курикулум и методологија за обука на вработените во општините.
4. Одржување на обуки за вработени во општините, фокусирајќи се на паметна специјализација и техники за анализа на податоци.
Организирање на консултации со засегнати страни и подготовка на материјали за обука.
5. Презентација на резултатите:
Презентирање на извештаите на заинтересираните страни и локалните власти.
Дискутирање на можностите за имплементација на предложените стратегии во развојот на регионот.
Потребни документи:
– CV на македонски или англиски јазик
– Доколку не е наведено во CV-то, листа на организирани обуки или фокус групи
Заинтересираните кандидати треба да ни ги испратат документите на contact@zmai.mk, најдоцна до 08.11.2024 година, до 15 часот.
Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.
Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната e-mail адреса: contact@zmai.mk.
Скорешни коментари