На 10 септември 2024 година, Здружението за истражување и анализи ЗМАИ потпиша меморандум за соработка со Европското движење на Република Северна Македонија.
Со овој важен документ, ЗМАИ и ЕММК официјално ги зацврстија своите намери за заедничка работа на промоција на европската интеграција, регионалната соработка, истражувања и анализи.
Договорот е потпишан во чест на нашата 10-годишнина, при што Претседателката на ЕММК, Милева Ѓуровска, ни честиташе за успешната деценија на делување. „Особено сме горди на нашата досегашна соработка во економските поглавја од Кластер 1, што придонесува за напредокот на евроинтеграцискиот процес на земјата.“
Извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, истакна: „Податоците зборуваат! Заедно со ЕММК ќе продолжиме да ја подобруваме работата на НКЕУ-МК и да ја поддржуваме нашата заедничка визија за посилна, европска иднина.“
Меморандумот беше потпишан на сесија на Работната група 6 „Антикорупција“, каде што зборувавме за тоа како доверливите податоци се основа за посилна економија и ефикасна борба против корупцијата.



Скорешни коментари