Социо-економско влијаниja на ковид-19 во Република Северна Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Август – Декември 2020 година

ДОНАТОР: Westminster Foundation for Democracy

Целта на овој проект е поддршка и работа со персоналот на парламентарната буџетска канцеларија во подготовка на анализа за економското и социјалното влијание на КОРОНАВИРУС (КОВИД-19) во Република Северна Македонија. Првиот дел од анализата обезбедува информации за движењето на основните макроекономски индикатори во Република Северна Македонија пред и за време на кризата предизвикана од КОВИД-19, во споредба со светската економска криза во 2009 година. Покрај тоа, анализата го мери влијанието на кризите врз најпогодените сектори, како и ефектот на економските мерки за поддршка на компаниите донесени од страна на Владата. Анализата исто така треба да го земе предвид влијанието на КОВИД-19 врз различни плански региони, како и влијанието врз пазарот на трудот (по пол, возрасни групи, ниво на образование, етничка припадност и сл.). На крај, анализата дава преглед на 3 можни сценарија (оптимистичко, реално и песимистичко) за основните макроекономски показатели и перспективите за нивното идно движење.

Преку оваа активност, членовите на персоналот на парламентарната буџетска канцеларија треба да ги градат своите капацитети, кои се потребни во иднина да се изготват финансиски анализи и пресметки за нацрт-политиките, како и анализи на трошоците и придобивките на предлог-законите предложени од пратениците.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ