Предлог за унапредување на инфраструктурните и техничко-технолошките капацитети на основните училишта во Богданци и Чешиново-Облешево

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари – Јули 2019 година

ДОНАТОР: Фондација Oтворено општество – Македонија

Како две најслабо развиени општини во земјата, Чешиново-Облешево и Богданци беа вклучени во анализирање на условите во основните училишта преку што се утврдија условите и потребите во овие училишта во однос на инфраструктурата и технички-технолошкиот развој.

За да се унапредат инфраструктурните и техничко-технолошките капацитети на основните училишта, изработени беа и планови на активности кои содржат детална временска и буџетска рамка за изводливи инвестиции во следните две години.

Планот на активности е спроведен како резултат на сеопфатна и опширна анализа на состојбите во училиштата и нивниот расположлив буџет, изработен во тесна соработка со претставниците на општините, училиштата и родителите на децата кои учат во училиштата.

Главниот резултат и сознание до кое е дојдено е дека во општините постои недостиг на средства за спроведување на потребните инвестиции што се должи на несоодветните критериуми од страна на повисоките институции за доделување и распределба на финансиските средства и нерамномерна распределба на средства по училишта.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ