Предлог-решенија за подобрување на инвестициската политика во Република Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јуни – Септември 2016 година

ДОНАТОР: USAID

Овој документ содржи дел кој се осврнува на недостатоците во однос на обезбедувањето податоци кои би биле од корист за мерењето на ефектите од политиките за привлекување на СДИ, како и за поддршка на домашните инвестиции, дел кој се однесува на алтернативните предлози кои можат да дадат свој придонес во обезбедувањето квалитетна работна сила за индустриските капацитети во сопственост на домашниот и странскиот капитал. Во делот со даночната политика се понудени решенија кои би овозможиле поголема ефективност на даночните практики за државата, додека делот со администрацијата треба да понуди системски решенија за инвестициската политика во Македонија.

Исто така, за да се зголеми атрактивноста на Македонија за странските инвеститори, од страна на неколку постоечки странски инвеститори на неколкупати беше нагласена потребата од побрз развој на инфраструктурата и за зголемување на нејзиниот квалитет, додека пак од друга страна во јавноста сè почесто се покренува прашањето како да се поттикнат постојните компании во Македонија кои се надвор од слободните економски зони да остварат соработка со новоизградените капацитети во зоните кои имаат големо влијание врз увозот и извозот на Република Македонија.

Овие предлог-мерки можат да бидат поттик за засегнатите институции сè со цел да се усоврши систематизацијата на достапните податоци и да се обезбедат дополнителни податоци кои би биле од корист за натамошните истражувања и за усовршување на административните системи во насока на зголемување на конкурентноста на Република Македонија.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ