Поврзување на земјите од Отворен Балкан преку добра даночна и царинска политика

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Септември 2022 – Септември 2023

ДОНАТОР: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)

Една од основите на Отворен Балкан е слободното движење на стоките, услугите и луѓето во границите на земјите членки на оваа инцијатива. Овозможувањето на оваа слобода зависи од даночните и царинските политики и администрации на земјите и нивната синхронизација.
Затоа здружението за истражувања и анализи – ЗМАИ во рамки на овој проект ќе соработува со институциите во Република Северна Македонија за надминување на царинските и даночните бариери. Оттука основната цел на овој проект е надминување на царинските и даночните бариери за движење на стоките и услугите во рамки на земјите кои се дел од Отворен Балкан.
Главна цел на овој проект е надминување на царинските и даночните бариери за движење на стоките и услугите во рамки на земјите кои се дел од Отворен Балкан. Таа ќе се овозможи преку остварувањето на 6 посебни цели и задачи.

Затоа, во рамки на проектот ќе работиме во 3 главни области:
– Средби и работа со институциите и нудење на експертиза во надминување на проблемите.
– Соработка со извозно ориентираните компании и создавање на рамка на предлози за надминување на бариерите со кои се соочуваат, и
– Правење на анализа: „Даноците и царините во земјите од Open Balkans и како тие да бидат во поддршка на интеграција на пазарите“ и креирање на документ кој ќе ги вклучи анализата и препораките за надминување на административните бариери во областите на даноци и царина.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ