Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Април 2024 – сè уште

КЛИЕНТ: Министерство за локална самоуправа
Проектот е инициран со цел да се анализираат и идентификуваат потенцијалите за развој на Пелагонискиот регион, со фокус на економски, социјални и еколошки аспекти. Потребата произлегува од сегашната неискористеност на регионалните ресурси и потенцијали, како и од присутните предизвици кои го спречуваат неговиот одржлив развој. Со оглед на достапните податоци за регионите, потребно е нивно следење и земање предвид при креирањето на развојните стратегии. Само преку согледување на реалните состојби во регионот, може да се постават реални и достижни цели и да се постигне регионален развој. Целта на овој проект е да се креираат стратегиски заложби и акциски планови кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на живот за локалното население и зголемување на регионалната конкурентност. Во новото време кое е водено од податоци, не смееме да си дозволиме носење на скапи одлуки кои нема да дадат резултат бидејќи се базираат на лични ставови, а не на реални потенцијали на одредена област. Преку спроведувањето на оваа задача, тимот ќе работи рамо до рамо со Пелагонискиот плански регион, за да се обезбеди целосно искористување на реалните потенцијали на регионот: човечки, природни и други ресурси, местоположба, економски потенцијали и можности за вклучување кон светските економски текови, како и користењето на циркуларната економија и грижата за природата за постигнување на целосно подобрување на квалитетот на животот на населението.
Методологијата ќе вклучува:
Преглед на постоечки податоци и литература за да се разбере тековната состојба на регионот.
Собирање на примарни податоци преку анкети, интервјуа и фокус групи со локалното население и засегнатите страни.
Формулирање на стратегиски цели и активности базирани на анализата.
Работа со Пeлагонискиот плански регион и вработените во општините и нивна обука за имплементација и следење на успешноста.
Исто така ќе спроведеме работилници за градење капацитети за службениците и засегнатите страни за да се обезбеди ефективна имплементација на политиките, зајакнување на капацитетот на Министерството. Ќе воспоставиме силен систем за следење и евалуација за следење на исходите од политиката, правејќи прилагодувања по потреба. Нашиот пристап дава приоритет на длабокото разбирање на демографските трендови и има за цел да воспостави ефективни решенија за нега на стари лица во Северна Македонија.

АДРЕСА

Ул. Јордан Мијалков, бр.2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ