Инфраструктурен развој и техничко технолошка опременост во основните училишта во Република Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Мај 2017 година – Декември 2018 година

ДОНАТОР: Фондација отворено општество Македонија

Проектот вклучува спроведување на истражување кое ќе ги истакне сознанијата добиени на терен од општините во вкупно 301 основно училиште и 498 подрачни училишта.

Истражувањето беше имплементирано со цел да се дојде до објективизирано сознание за материјално- техничките услови за изведување на наставата во Република Северна Македонија. Притоа, едно од сознанијата беше дека состојбата во училиштата воедно ја отсликуваат и локалната и регионалната развиеност во земјата.

Поради тоа, Здружението се стреми кон создавање на еднакви услови и можности за изведување на воспитно-наставниот процес во училиштата и задоволување на образовните цели и потреби. Поради тоа, во текот на неколку месеци преку соработка со општините и училишните авторитети се креираше анализа на фактичката состојба во училиштата и се дадоа предлози за нови модели и идеи на кој начин да се започнат процесите на осовременување на основното образование. Самата публикација издадена во рамки на проектот, нуди решенија и модели кои можат да придонесат кон развојот на инфраструктурните и технолошко-техничките капацитети на училиштата.

Главните задачи кои беа опфатени со проектот вклучуваа: утврдување на моменталната состојба на терен и опременост во училиштата, идентификување на разликите во развојот на училиштата меѓу регионите и општините, процена на неопходните инвестиции за унапредување на училишната инфраструктура и обезбедување на неопходната техничка опрема и нудење на препораки и решенија за подобрување на состојбата.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ