Центар за градење на јавни политики

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јуни 2020 – Септември 2021

ДОНАТОР: Цивика Мобилитас

Со имплементација започна проектот „Центар за јавни политики“, кој го спроведува Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ, а кој ќе трае во наредните 15 месеци. Потребата од една ваква иницијатива потекнува од недостатокот на капацитети во граѓанскиот сектор за креирање на анализи и предлози за јавни политики поткрепени со факти, истражување и емпириски податоци.

Во тек се подготовките за реализација на модуларната обука за граѓанските организации која опфаќа статистички и економетриски алатки со цел креирање на јавни политики базирани на статистички решенија.

Вкупно 20 организации ќе земат учество на обуките и чекор по чекор ќе ги реализираат своите идеи за истражувања. Во наредните месеци следи објавување повик за учество на сите заинтересирани организации за унапредување на истражувачките капацитети како и менторската поддршка. Целта е да се спроведат целосни анализи и истражувања за теми релавантни на соодветните области на делување. Ова дополнително ќе го зголеми кредибилитетот на организациите кој го имаат во одредено поле на делување.

Целиот процес ќе им овозможи на организациите да воспостават нови контакти, да ги надградат своите знаења и да спроведат анализи кои ќе имаат големо влијание во заедницата, а за кои досега не ги имале потребните ресурси за нивно спроведување. Тие ќе придонесат кон општествени промени и добра соработка со властите, што ќе резултира со потранспарентно, отчетно и социјално – инклузивно управување на локално и национално ниво. Проектот е поддржан од страна на програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ