Што го врти светот? Добар муабет

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Март 2026 – Јануари 2027

ДОНАТОР: Центар за современа граѓанска едукација (CGO–CCE), во рамки на регионалниот проект MEdIA–Lit

Проектот „Што го врти светот? Добар муабет“ има за цел да ја зајакне медиумската и информациската писменост и да ја намали ранливоста на граѓаните кон дезинформации и говор на омраза преку современи дигитални медиуми. Во рамки на проектот се изработува анализа на дигиталната публика за идентификување на најчестите наративи на дезинформации и говор на омраза, врз основа на која се подготвува уредувачки план за продукција на содржини. Се продуцираат и објавуваат 10 професионални епизоди од серијалот „Добар муабет“ на YouTube, секоја со посебен сегмент „Мит или вистина“, кој преку практични примери ги развива вештините за препознавање и проверка на информации. Дополнително, проектот вклучува широка дигитална кампања со визуелни материјали и 30 кратки видеа за Instagram и TikTok, како и јавни настапи и активности за дисеминација на резултатите. Целта е да се достигне широка публика, да се поттикне критичко размислување, да се намали ширењето на дезинформации и говор на омраза и да се придонесе кон поквалитетна и поодговорна јавна дебата во Северна Македонија.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ