Y4G – Млади за раст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Мај 2026 – Март 2027

ДОНАТОР: Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС)

Проектот има за цел да го зголеми учеството на младите во процесот на европската интеграција преку практична медиумска обука и продукција на мултимедијални содржини посветени на осумте поглавја од Кластер 3 – Конкурентност и инклузивен раст. Во рамки на проектот, 20 студенти поминуваат низ структурирана менторска програма во која стекнуваат практични знаења за истражување, проверка на факти, новинарство, видео продукција, монтажа и дигитални комуникации, работејќи заедно со професионалниот тим на „Што го врти светот?“. Проектот предвидува продукција на осум подкаст епизоди и дванаесет кратки информативни видео прилози кои на разбирлив и интересен начин ги објаснуваат придобивките од европските политики и реформите поврзани со членството во Европската Унија. Содржините се дистрибуираат преку YouTube, социјалните медиуми и национална телевизија, со цел да достигнат широка публика, особено младите. Проектот воспоставува партнерства со универзитети за признавање на практикантската програма и создава одржлив модел за подготовка на нова генерација млади медиумски професионалци кои ќе придонесуваат кон информирана јавна дебата за европската интеграција.

АДРЕСА

Ул. Железничка бр. 2-7, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ