Подготвеноста на основните училишта за спроведувањето и ефектите од реализацијата на наставните програми од Концепцијата за основно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Декември 2021 – Октомври 2022
ДОНАТОР: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)

Имајќи предвид дека во првата половина од 2022 година ќе се заокружи првата година од имплементацијата на новата програма за I и IV одделение, а јавноста нема информации за нивото на подготвеност на училиштата за спроведување на новата концепција, но и механизми за мерење на успешноста на спроведените активности, тимот на ЗМАИ преку овој проект ќе обезбеди сеопфатна методологија за мерење на истите. Основните цели на проектот се: системско мерење на подготвеноста на основните училишта и засегнатите страни за реализација на новата концепција за основно образование; сеопфатно и системско мерење на степенот на реализација на новата концепција за основно образование.

Децата родени во дигиталната ера, според сите светски истражувања, поминуваат многу време со дигиталните уреди. Истовремено, основното образование во Северна Македонија поминува низ историски процес на дигитализација како одраз на поширокото социјално интегрирање на ИКТ технологиите кои водат кон создавање на современо дигитално општество и економија. Оттука, училишното образование треба да ги создаде основите за креирање на општество базирано на знаење и граѓани кои се подготвени за активно вклучување во дигиталното општество и способни да придонесат за развој на домашната економија. Оттука, потребно е истовремено да го анализираме прогресот во оваа област во функција на спроведувањето на новата концепција за основно образование.

Проект поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.