ICDL – Преку инклузија и транспарентност до еднаквост и квалитет: Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари 2020 – Јуни 2021

ДОНАТОР: Шведскиот Меѓународен Институт за Локална Демократија (ICLD)

Целта на овој проект е да се анализира фактичката состојба на локално ниво во 4 општини (Валандово, Штип, Карпош и Гостивар), за споделување на досегашните практики и искуства при креирање и донесување на буџетите. Засега, проектот ќе се спроведе во четири пилот општини од различни региони, со амбиција да се прошири на сите 81 општина во иднина. Проектот вклучува спроведување на првично истражување на граѓаните во четирите општини, анализа на истражувањето во однос на прашањата од интерес, теренска работа со општините и граѓаните со цел да се подобри состојбата на работите, второ истражување со цел да се проценат резултатите на крајот на проектот, развој на веб-платформа за презентирање на локалните буџети и ангажирање на граѓаните во текот на целиот процес и развој на индекс за проценка на општините во однос на правичноста, вклученоста, транспарентноста и отчетноста.

Едни од главните цели кои ги има овој проект се:

  • Прибирање на позитивни практики на локалните самоуправи при донесување на буџетите и вклученост на граѓаните;
  • Спроведување на фокус групи со граѓанските организации за подобрување на буџетскиот процес;
  • Подготовка на индекс за ниво на буџетска партиципативност;
  • Креирање на клучни препораки за подобрување на буџетскиот процес на локалните самоуправи;

Проектот има големо значење за потранспарентно креирање на локалните буџети и зголемена вклученост на граѓанскиот сектор и маргинализираните групи во процесот на донесување на буџетите.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ