Здружението за истражување и анализи, во рамките на проектот „Подобрување на ефикасноста на трошоците во основното и средното образование“, поддржан од УНИЦЕФ, има потреба од ангажирање на локален експерт – градежен/на инженер/ка.

Позадина на здружението:

Главната цел на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух во Северна Македонија преку спроведување на научни истражувања кои ќе бидат разбирливи од пошироката јавност и обезбедување на вредни ресурси на истражувачката заедница во земјата. Генерално, работата на ЗМАИ опфаќа 5 клучни области: Добро управување, финансиска и медиумска писменост, образование, претприемништво и анализа на инвестиции. Поддршката на реформите во основното образование е еден од нашите клучни столбови, поради што се фокусираме на обезбедување услови за еднаков и правичен развој на образовните процеси и можности низ целата земја.

Опис на работниот ангажман:

Од Експертот/ката – Градежен/на инженер/ка се очекува да постави параметри за утврдување потребни финансиски средства за доградба и/или адаптација во основните училишта во земјата и да спроведе анализа за иницијална проценка на потребните буџетски средства за приоритетни инвестиции за доградба или адаптација на основни училишта. Дефинирањето на индивидуалните потреби за финансиски средства за доградба и/или адаптација во основните училишта, експертот/ката ќе го изврши врз основа на веќе собрани податоци од основните училишта и веќе утврдени потреби за промена на бројот на смени во кои се одвива настава или пак за промена на бројот на ученици во одделни училишта – а кои ќе му/и бидат ставени на располагање од страна на ЗМАИ. Дополнително, Експертот/ката ќе подготви иницијална проценка и пресметка на потребните финансиски средства за доградба и/или прилагодување на дополнителен училиштен простор.

Избраниот/ата експерт/ката ќе треба да ги подготви следниве документи:

  • Методологија за утврдување на потребни финансиски средства за доградба и/или адаптација на основни училишта со целнивно прилагодување со актуелните норми и стандарди на Министерството за образование и наука, како и стандарди кои ќе му/и бидат предочени од страна на ЗМАИ;
  • Предсметка за потребни финансиски средства за доградба и/или адаптација на дополнителен училиштен простор со евентуални помошни простории поврзан со промена на бројот на смени во кои се одвива наставата во одделни училишта или пак за промена на бројот на ученици во одделни училишта (процената треба да опфати: подготвителни работи, главни градежни работи, надзор на изградбата, електро-технички работи, градежно-занаетчиски работи, машинско-технички работи, водовод и канализација); потребно е да се утврди и приближен временски период за предвиденитеинвестициони проекти за секое училиште; и
  • Проценка на модалитети за доградба/адаптација (пр. Надградба на постоен објект или доградба на придружен објект) согласно просторните и градежните услови во основните училишта
Потребни квалификации: 
  • Завршено високо образование од областа на градежното инженерство (повисок степен на образование – магистерски или докторски студии се пожелни);
  • Најмалку 12 години релевантно професионално искуство;
  • Најмалку 5 години искуство во подготовка на анализи за техничко влијание на инвестиции и/илиизработка на предсметки и други видови проценки на потребни финансиски средства за изградба/реконструкција/адаптација на јавни нестанбени згради(особено инвестиции во образовни згради);
  • Искуство во работење со владини институции на централно и локално ниво;
  • Одлично познавање и практична примена на правната рамка поврзана со јавните инвестиции; и 
  • Активно познавање на англиски јазик.

Вкупен број на работни дена: 24 дена

Насоки за аплицирање:

Потребни документи за аплицирање на повикот се:

  • CV (Кратка биографија на кандидатот/катасо осврт на работно искуство во изработка на предсметки, пресметки и/или проценки за инфраструктурни потреби на јавни објекти, особено образовни)
  • Финансиска понуда (искажана во побаруван бруто надоместок за предвидените 24 работни дена). 

Заинтересираните кандидати треба да ги прикачат потребните документи (CV и финансиска понуда) на емаил адресата: contact@zmai.mk, најдоцна до 22.04.2021, до 17 часот, со назнаката: “Апликација за инженерски експерт – Име и презиме”.

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ работи посветено на промоција на различностите и создавање на еднакви услови на работното место и гарантира дека сите кандидати ќе имаат исти можности при изборот, без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната определба, возраста, брачниот статус, социо-економскиот статус, попреченоста или било кој друг основ.

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ не толерира однесувања кои се спротивни на целите на здружението, вклучувајќи и сексуална експлоатација и злоупотреба, дискриминација и сексуално вознемирување на работното место.

Доколку вашата апликација успешно ја помине фазата на евалуација и влезете во потесниот круг на кандидати, ќе бидете повикани на интервју. Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.

Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната емаил адреса: contact@zmai.mk.