Унапредување на финансиската транспарентност на политичките партии во Република Северна Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јули 2021 – Април 2022

КЛИЕНТ: Интернационален Републикански Институт (ИРИ)

Со овој проект се започна во септември 2021 година. Во текот на проектот се изработија два меморандуми за политики, Добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кадидати и Финансиска транспарентност на кадидатите за федералните избори во САД.

Целта на брифот, добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кадидати, е да се подигне свеста на политичките партии, граѓанскиот сектор и јавноста за потребата од активна финансиска транспарентност на политичките партии, чии финансиски податоци треба да се достапни, сигурни, навремени и во соодветен формат за да може лесно да се употребуваат. Во брифот, на партиите од Република Северна Македонија и телата за финансиски надзор, им се посочуваат постојни добри практики и напредни стандарди за презентација на финансиските податоци на партиите од други земји кои може да се применат и кај нас.

Во брифот за финансиска транспарентност на кадидатите за федералните избори во САД ја анализира финансиската транспарентност на кандидатите на избори во Соединетите Американски Држави и укажува на најдобри практики кои би можеле да се применат и во Република Северна Македонија. Финансиската транспарентност на кандидатите на федералните избори во САД (претседателски, за членови на Сенатот и за членови на Конгресот) претставува пример на кој треба да се угледаат политичките партии и индивидуалните кандидати на сите избори во Македонија. Податоците кои се објавени за финансирањето на партиите и кандидатите во САД се сеопфатни, достапни, разбирливи и, пред сѐ, тие се во лесно обработлив формат.

Во текот на 2022 година се објавија три анимирани видеа за Финансиска транспарентност на политичките партии во Северна Македонија, Финансиска транспарентност на кандидатите за избори во САД на федерално ниво и Добри практики за презентација на финансиски податоци.

Проектот е поддржан од Меѓународниот Републикански Институт (International Republic Institute – IRI).

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ