Шпаркасе Банка, во соработка со “СтартАп Академија” и “Business Impact Lab”, по трет пат ја спроведуваат програмата “Чекор по чекор”, која нуди можности за менторска и кредитна поддршка на старт-ап компании и бизниси во Република Северна Македонија. Програмата “Чекор по чекор” е започната во 2019 година со основната цел да обезбеди парична и општествена поддршка на лицата кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Програмата нуди можности за кредитирање во износи од 25.000 евра. Преку програмата досега се финансирани 22 старт-ап компании, со вкупен износ од приближно 200.000 евра. Една од најголемите придобивки на програмата е всушност правилното насочување на финансиските средства за одржливост на бизнисите и продолжување на инвестициската активност за да се обезбеди потребниот фиксен капитал.

Условите за аплицирање на оваа програма се лица чии бизнис идеи се сè уште во развој и кои не се присутни повеќе од 36 месеци на пазарот и имаат од еден до десет вработени лица. Академијата се состои од 8-неделна програма за градење на капацитетите на бизнисите, на која апликантите ги развиваат своите бизнис идеи, креираат соодветен бизнис план и ги презентираат бизнис идеите пред менторите и претставниците на Шпаркасе Банка. Менторите на програмата се деловни лица кои имаат долгогодишно искуство во претприемништвото и развиени партнерски мрежи и кои сакаат своите знаења и вештини да ги пренесат понатаму во насока на унапредување на претприемничкиот екосистем во земјата.

Преку оваа програма се придонесе кон развојот на локалната заедница, социјалната и економската рамноправност. Учесниците на програмата имаат можност да добијат дополнително насочување за успешно водење на своите бизниси. Како резултат на тоа, 20 бизниси успешно работат и дополнително го развиваат претприемничкиот екосистем во Македонија. Останатите апликанти земаа учество на програмата и ги посетуваа сите модули, продолжија со развивање на своите идеи и се вмрежија со останатите претприемачи.

Повеќе за СтартАп Академијата и успешни приказни од претходните циклуси може да прочитате на следниот линк, а сите заинтересирани лица за учество на третиот циклус може да го погледнат повикот и да ја пополнат онлајн апликацијата тука.