Студија на изводливост со фокус на специфични продукти кои се класифицираат како био-отпад и нивниот трансформативен потенцијал 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јули 2021 – Август 2021

ДОНАТОР: UNDP Accelerator Labs

За време на овој проект една од главните цели вклучува одредување и анализирање на потенцијалот за трансформација на специфични типови на био-отпад и креирање на финансиски модел за изводливост на овие продукти. Целта на овој проект не е само намалување на целокупниот био-отпад во системот, но исто така отворање на нови работни позиции, нови бизниси и економски развој.

Во рамките на овој проект, ЗМАИ ќе испорача иницијална студија на изводливост со клучните идеи и продукти кои ќе бидат вклучени во финалната верзија на оваа студија и водич за пишување на студија на изводливост, со фокус на специфични продукти кои се класифицираат како био-отпад и нивниот трансформативен потенцијал.