СТАРТАП АКАДЕМИЈА

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА

„Старт-ап академијата“ е интензивна и едукативна 8-неделна програма која функционира од 2013 година, и која ја следи светски реномираната Lean Startup методологија. „Старт-ап Академијата“ се стреми да создаде успешна мрежа и инспиративни приказни на млади претприемачи преку развивање на иновативни идеи во одржливи бизниси.

Тимот се состои од искусни и успешни претприемачи и посветени ментори, чија задача е да ги насочат младите претприемачи на пазарот на трудот и да ги зајакнат нивните претприемачки вештини.

Академијата започнува со целодневен Boot Camp, каде менторите се среќаваат со учесниците на програмата. Првите две недели учесниците се запознаваат со потребите на клиентите. Третата и четвртата недела се идентификуваат големината на маркетот и специфичните потреби на пазарот на трудот. Петтата недела се опфатени сесии за канали преку кои бизнисите може да допрат до потрошувачите. Во текот на шестата недела се изучуваат методи за растење на бизнисите и за привлекување и задржување на клиентите. Последните две недели се насочени кон креирање на модели за процена на приходите, финансиска анализа и клучни активности.

ПРОГРАМА

ТИМ

Виктор Митевски

Виктор Митевски е ко-основач на ЗМАИ и во моментов е Претседател на Здружението. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. Од 2017 до 2019 година работи како посебен советник на Министерот за финансии. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Марко Георгиевски

Марко Георгиевски  е дипломиран економист со 10 годишно искуство во водење бизнис во областа на угостителството, логистиката и консалтинг. Веќе 7 години работи како ментор на старт ап компании, преку СтартАп Академијата на која е ко-основач од 2013 година. Во моментов е сопственик на бизнис во областа на транспортот и логистиката.

Гого Рафајловски

Гого Рафајловски е оперативен директор на Технолошкиот Парк – SEEUTechPark и консултант за Интелектуална Сопственост. Низ својата 15-годишна кариера во менаџирање на Старт-ап центри, Инкубатори, Акцелератори и Тек-Паркови, има изградено портфолио на искусен стартап консултант. Неговото практично искуство е во оперативен менаџмент, инвестиции во стартапи, интелектуална сопственост и вреднувања.

МИЛА ПЕРЧИНКОВА

Мила Перчинкова е индустриска инженерка која со своето искуство придонесува во управување со технички проекти и предлози за подобрување на останатите процеси во компаниите. Мила е поранешна претседателка на Ротракт Клубот. Во здружението ЗМАИ придонесува преку вклучување во активностите и реализацијата на СтартАп академијата.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Чекор по чекор е програма на Шпаркасе Банка, креирана во соработка со Social Impact Lab и Start UP Academy. Целта на оваа програма е овозможување поддршка на компаниите што се во почетна фаза на основање свој сопствен бизнис. Со оваа програма старт-ап компаниите имаат можност да добијат различни пакети за едукативна, финансиски и менторска поддршка.

За кого е наменета програмата?

  • Млади претприемачи што сакаат да развијат бизнис-идеја.
  • Компании што работат 36 месеци и бизниси во фаза на развој

Што ви нуди програмата?

  • Едукативна поддршка
  • Кредитна поддршка
  • Менторска поддршка и мрежно поврзување.

Целта на програмата е придонес за развојот на локалната заедница, социјалната и економската рамноправност.

1.

Едукативна поддршка

Едукативна поддршка на тема развој на бизнис-идеи, анализа на пазарот и конкуренцијата, управување со трошоците, финансиско работење како и развој на бизнис-планови

2.

Финансиска поддршка

Во понудата се наоѓа инвестициски кредит со рок на отплата до 5 години и кредит за трајни обртни средства со рок на отплата до 3 години, во денари и во евра. Максимален износ на кредитот: до 10.000 евра за компании со историја на работење пократка од 12 месеци и до 25.000 евра за компании со историја на работење помеѓу 12 и 36 месеци. Максимален грејс-период од 12 месеци

3.

Менторска поддршка

На корисниците на кои ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби. Менторот во текот на период од 12 месеци ќе ги советува корисниците на кредитот за развојот на нивното работење и ќе им помогне да ги постават и да ги следат своите цели за раст и развој на компанијата. Ментори ќе бидат деловни луѓе со долгогодишно бизнис-искуство и развиени партнерски мрежи, кои сакаат понатаму да го пренесат своето знаење

ПАРТНЕРИ

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

 

 

 

 

 

 

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ