Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ, во соработка со ПБК на Собрание на Република Северна Македонија во изминатиот период работеа на креирање на темелна студија за “Ефектите од пандемијата на КОВИД-19 за Македонската економија”.
Преку оваа студија беа изработени повеќе инфографици кои даваат приказ за клучните сознанија од анализата. Како едни од најважните показатели за состојбата и ефектите за време на кризата од КОВИД-19 се покажале нееднаквите нето примања кај граѓаните на Северна Македонија, посебно во вториот квартал на 2020 година. Резултатите од анализата на податоци покажуваат дека најпогодена категорија на граѓани се лицата со примања околу минималната плата. Истовремено, примањата на жените и младите од 16 до 29 години се намалени за значајно поголем износ во споредба со останатите граѓани.
Од 27.608 поддржани компании, трговијата на мало, текстилната индустрија и угостителството се најголеми корисници на поддршка од владините мерки за справување со кризата, додека процентот на поддржани работници бил најголем кај обложувалниците и коцкарниците. Најголем дел од помошта завршила кај микро компаниите, но најголем дел од работните места кои биле поддржани биле кај големите компании. Најпрофитабилните компании добиле најголема поддршка по вработен.
Скорешни коментари