„Прескокни ја лажната информација“ (Зајакнување на капацитетите на локалните заедници да одговорат на дезинформациите и родовите дезинформации)
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Септември 2023 – Декември 2023
КЛИЕНТ: UNDP
Во овој извештај ќе се претстави анализа на дезинформации и родно ориентирани дезинформации во Северна Македонија. Целта на проектот е да се разбере обемот и влијанието на дезинформациите, да се идентификуваат актерите и да се предложат мерки за нивната справување.
Методологијата вклучува:
– Анкетирање на вовлечени актери
– Собирање на податоци од социјални медиуми
– Анализа на медиумски содржини
– Профилирање на аудиенцијата
– Експертски интервјуа
– Анализа на ефективноста на актерите и инструментите
– Анализа на влијанието на дезинформациите врз демократските процеси и социјалната кохезија, со посебен фокус на загрозените групи
– Улогата на онлајн влијателите во ширењето на точни информации и разобличување на дезинформациите
Во извештајот ги претставивме резултатите од анализата на дезинформации и родно ориентирани дезинформации во Северна Македонија. Оваа анализа ќе биде од корист за изработка на стратегии за справување со дезинформациите и за засилување на демократските процеси и социјалната кохезија во земјата.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ