Подобрување на ефикасноста во трошењето во основно и средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари 2021 – 2023

ДОНАТОР: УНИЦЕФ

Проектот „Подобрување на ефикасноста на трошоците во основното и средното образование“ предвидува развој на предлог формули засновани на податоци и докази за финансирање на јавното основно и средно образование и механизми за оптимизација на мрежата на основните училишта. Во рамки на проектот спроведено е: правна анализа на позитивните законски и подзаконски акти кои го уредуваат основното и средно образование, како и анализа на законската рамка поврзана со управување на човечки ресурси во образовниот систем; собирање податоци за сите основни и средни училишта; развој и анализа на различни политички, размислувања за оптимизација на мрежата на основни училишта во земјата; предлог сценарија за спроведување на оптимизацијата на училишната мрежа и проценка на нивните влијанија; подготовка на планови за оптимизација за сите општини; и подготовка на опции за реформа на формулата за распределба за трансфери во основното и средното образование.

Во процесот на финализирање на аналитичката работа, ЗМАИ тесно ќе соработува со Министерството за образование и наука, канцеларијата на УНИЦЕФ и канцеларијата на Светска банка.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ