Подготовка на Project Appraisal Documents за инфраструктурни проекти
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Декември 2020 година – Септември 2022 година
ДОНАТОР: Проект за подобрување на општински услуги (МИСП) – Министерство за финансии
Консултантските услуги кои ги опфаќаат активностите на ЗМАИ предвидуваат подготовка на документи за оценка на проектите за општините вклучени во рамките на МСИП II проектот во согласност со Оперативниот прирачник. Документите за оценка содржат анализи од аспект на техничката изводливост на проектот, заштитата на животната средина, социјалните влијанија, како и финансиските и економските ефекти од спроведување на проектите.
Основна цел на проектот МСИП е преку финансирање на општините, по пат на долгорочно on-lending задолжување, да се овозможи реализирање на инвестициони проекти кои преку зголемување на приходите односно намалување на оперативните трошоци на општината/ЈП, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински функции и надлежности уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа. Со Проектот ќе бидат опфатени општините кои се во втора фаза од фискалната децентрализација и кои согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Упатството за начинот и постапката за задолжување на општините и јавните претпријатија во Република Македонија, издадено од Министерството за финансии во целост ги исполнуваат условите за долгорочно задолжување.

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје