Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ објавува
П О В И К
За 30 невработени млади лица до 30 години за учество на онлајн обуки за кариерно советување во рамките на проектот
“КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПОЛЕСНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО УСЛОВИ НА COVID–19”
- Проектот “Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на COVID-19” е насочен кон намалување на негативните ефекти што пандемијата со COVID-19 ги има на младите кои што се припадници на ранливите категории на граѓани. Преку 3 еднодневни онлајн обуки за кариерно насочување и лично менторирање од страна на стручни ментори, придобивки ќе имаат 30 млади невработени лица до 30 години. Проектот е поддржан во рамки на програмата на Агенција за млади и спорт за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата насочена кон младите.
- Иако можностите за вработување во време на криза се ограничени, сепак постојат и треба да се најдат начини за прилагодување и активирање на младите. Обуките за кариерно насочување ќе им ги подобрат предиспозициите за полесно интегрирање на пазарот на труд, преку усовршување на нивните вештини околу целокупниот процес на вработување, односно, од барање на работа до финален ангажман на работната позиција. Обуките ќе резултираат со млади луѓе со изградени вештини за успешно барање и наоѓање на работа, способни да се прилагодат на состојбата на пазарот на работна сила.
На обуките ќе бидат обработени следните теми:
- Планирање на кариера и начини на барање на работа
- Хакирање потенцијални работни позиции и усовршување на прелиминарните елементи за апликација
- Подготовка и учество на интервју за работа и неконвенционални начини за вработување (студија на случај ЗМАИ)
Поради настанатата ситуација со COVID-19, обуките ќе бидат спроведени целосно онлајн, со помош на платформата ZOOM. Од таа причина, учесниците ќе треба да располагаат со уред преку кој што успешно ќе можат да ги следат оналјн обуките на платформата ZOOM.
За оваа онлајн обука ќе бидат избрани вкупно 30 учесници. Точните датуми за следење и времетраење на обуките, како и линковите за вклучување на обуките, ќе бидат испратени на учесниците по нивниот избор.
Еднодневните обуки ќе се реализираат во месец Ноември 2020. Обуките ќе се реализираат на македонски јазик.
- Учесниците што ќе ги следат обуките добиваат:
- Целосна програма и материјали за обука во дигитална форма
- Менторска поддршка од месец и половина во процесот на барање на работа, исто така во дигитална форма, со цел целосно спречување на можноста за пренесување на COVID-19
- Предиспозиции на кандидатите за учество на обуките
Учесниците на обуките треба да бидат млади невработени лица до 30 години кои:
- Го изгубиле своето работно место поради кризата
- Доаѓаат од социјално ранливо семејство
- Имаат одредена попреченост
- Немаат услови за доусовршување и надоградување на своите знаења
Обуките ќе бидат водени од страна на проектниот тим на ЗМАИ, кој што се состои од веќе изградени професионалци со повеќегодишно искуство во сферата на делување.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк.
Краен рок за пријавување е 25.10.2020 година (Недела), до 17.00 часот. Контакт лице за дополнителни информации и прашања е Невена Спасовска, на емаил адреса contact@zmai.mk.
Избраните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на агенда, план за работа и логистички информации околу реализација на обуките. Сите селектирани учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуките и да присуствуваат на сите модули.
Скорешни коментари